Вести Економија Македонија Најважни

Владата обвинува компании за вештачко зголемување на цените во исто време кога нема мерки кои тоа го спречуваат

Владата тврди дека некои компании ги манипулираат граѓаните, се однесуваат неетички и вештачки ги зголемуваат цените и ќе бара од инспекциските служби да ги санкционираат но нејасно е како и по кој основ бидејќи во моментов нема ниту една активна мерка која ги ограничува маржите на трговците.

Вицепремиерот Фатмир Битиќи кажа дека го следат развојот на цените на слободниот пазар и забележале скок на цените и нагласи дека однесувањето на некои компании било некоректно и неморално бидејќи манипулирале со цените односно со граѓаните.

Тој побара од инспекциските служби да излезат на терен.

Од пазарната инспекција најавија дека нивните тимови ќе излезат на терен но ќе проверуваат дали истакнатите цени кај трговците се евидентирани и формирани согласно правилник.

Оттаму додаваат дека вчера и завчера добиле поплаки од граѓани кои се жалеле на промените на цените кои се поскапи за 10 до 30 денари како во случајот со маслото за јадење.

Во моментов во Македонија цените на основните продукти се делумно исти како и во регионот со мали разлики но фактот е дека во државата има најниска просечна плата и со тоа и најамала куповна моќ на граѓаните.

Кога станува збор за нови антикризни мерки и помош за населението и бизнисите Битиќи повтори дека со ребалансот на Буџетот се обезбедни  73  милиони евра со кои ќе се поддржи стандардот на граѓаните и ликвидноста на стопанството.

Сепак мерките нема да бидат  сеопфатни  односно ќе бидат таргетирани за социјалните групи на граѓани како и  за бизниси во опасност.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД и Иран на преговори во Швајцарија во сенка на нови тензии

Дејан Дејан

Над 11.000 слободни места за втор уписен рок во средните училишта

Дејан Дејан

Македонски државјанин призна убиство на Гркинка на Крит

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе