Вести Економија Македонија Најважни

Димовски разочаран од односот на владата – ни понудија само кафе и вода, утре се очекува одлука за генерален штрајк

Нема договор за повисоки плати во јавниот сектор, синдикалците  излегуваат на  генерален штрајк.

Ова е исходот од двочасовната средба на ССМ со владините представници.  Престедателот Димовски кажа дека е разочаран, затоа  што  биле повикани во Владата, а при тоа никој не им  одговорил, зошто не може да го добијат ветеното линеарно зголемување на платите од 2. 800 денари.

По оваа неуспешна средба,  вели дека немаат друг избор освен утре да донесат одлука за организирање на геренален штрајк.

Димовски посочи дека побарале и да се вратат мерките за превенција од ценовни шокови  кои беа донесени  во март, а Владата пред два дена одлучи да не ги продолжи.

Алармираат дека ако не се преземе нешто,  месечните трошоци на граѓаните значително ке пораснат.

По јуни тие би биле повисоки за над 2000 денари. Од бизнис секторот пак бараат веднаш да се активираат стоковите резерви – мерка за која мислат  дека е задоцнета.

ССМ инсистираше на средба во Владата, откако  увидоа дека со ребаласнот на буџетот не се планирани средства  за линеарното зголемување на платите во јавниот сектор.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД и Иран на преговори во Швајцарија во сенка на нови тензии

Дејан Дејан

Над 11.000 слободни места за втор уписен рок во средните училишта

Дејан Дејан

Македонски државјанин призна убиство на Гркинка на Крит

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе