Нема договор за повисоки плати во јавниот сектор, синдикалците излегуваат на генерален штрајк.
Ова е исходот од двочасовната средба на ССМ со владините представници. Престедателот Димовски кажа дека е разочаран, затоа што биле повикани во Владата, а при тоа никој не им одговорил, зошто не може да го добијат ветеното линеарно зголемување на платите од 2. 800 денари.
По оваа неуспешна средба, вели дека немаат друг избор освен утре да донесат одлука за организирање на геренален штрајк.
Димовски посочи дека побарале и да се вратат мерките за превенција од ценовни шокови кои беа донесени во март, а Владата пред два дена одлучи да не ги продолжи.
Алармираат дека ако не се преземе нешто, месечните трошоци на граѓаните значително ке пораснат.
По јуни тие би биле повисоки за над 2000 денари. Од бизнис секторот пак бараат веднаш да се активираат стоковите резерви – мерка за која мислат дека е задоцнета.
ССМ инсистираше на средба во Владата, откако увидоа дека со ребаласнот на буџетот не се планирани средства за линеарното зголемување на платите во јавниот сектор.
Ирена Чачкова
