Вести Македонија Најважни

Собранието ја изгласа новата влада

Со 62 гласа ЗА Собранието ја изгласа новата Влада на Република Северна Македонија. Против гласаа 51 пратеници од опозицијата, воздржани немаше.

Во завршното обраќање пред пратениците Заев рече дека државата, која сега е членка на НАТО и има одлука за преговори со ЕУ, со посветеност и заедничка работа ќе има институции со кои ќе се гордеат сите. Најави целосна посветеност на економијата, јакнење на економскиот стандард, перспективи за младите во приватниот сектор, привлекување што е можно повеќе странски инвестиции.

-Претстои стабилен политички период, одлучна и бескомпромисна борба против сивата економијата, криминалот и корупцијата, ефикасен транспарентен и одговорен правен систем, вети Заев, повикувајќи ја опозицијата на соработка.

Во текот на дводневната расправа пратениците од опозицијата упатија критики до старо новата владејачка коалиција СДСМ-ДУИ за лоши резултати во работењето во изминатите три години во борбата против корупцијата, владеењето на правото, спречување на иселувањето, состојбата во економијата, справувањето со пандемијата со Ковид-19. На новата влада и прогнозираа краток мандат поради кревкото мнозинство, а програмата ја оценија како нереална.

Пратениците од власта истакнаа дека во изминатиот период донеле тешки, крупни и државнички одлуки, во интерес и на граѓаните и на државата, ја отстраниле последната пречка од евроинтеграциски пат, ја внеле државата во НАТО и оти почнуваат преговори со ЕУ.

Претседател на Владата е Зоран Заев, и ова е неговиот втор мандат. 12 од кабинетот заедно со премиееот се од СДСМ, 6 од ДУИ, и по еден од БЕСА и од ЛДП.

Со министерствата ќе раководат-

Артан Груби – министер за политички систем и односи меѓу заедниците, кој ќе биде и прв вицепремиер на Владата

Љупчо Николовски – за вицепремиер за борба против корупција, за одржлив развој и човечки ресурс

Фатмир Битиќи – за вицепремиер за економски прашања;

Никола Димитров – за вицепремиер за европски прашања;

Радмила Шекеринска – за министерка која ќе раководи со Министерството за одбрана;

Оливер Спасовски – за министер кој ќе раководи со Министерството за внатрешни работи

Бојан Маричиќ – за министер која ќе раководи со Министерството за правда;

Бујар Османи – за министер кој ќе раководи со Министерството за надворешни работи;

Фатмир Бесими – за министер кој ќе раководи со Министерството за финансии;

Крешник Бектеши – за министер кој ќе раководи со Министерството за економија;

Аријанит Хоџа – за министер кој ќе раководи со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство;

Венко Филипче – за министер кој ќе раководи со Министерството за здравство;

Мила Царовска – за министерка која ќе раководи со Министерството за образование и наука;

Јагода Шахпаска – за министерка која ќе раководи со Министерството за труд и социјална политика;

Горан Милевски – за министер кој ќе раководи со Министерството за локална самоуправа;

Ирена Стефоска – за министерка кој ќе раководи со Министерството за култура,

Јетон Шаќири – за министер кој ќе раководи со Министерството за информатичко општество и администрација;

Благој Бочварски – за министер кој ќе раководи со Министерството за транспорт и врски, и

Насер Нуредини – за министер кој ќе раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање;

Пред гласањето следеше дводневна расправа за програмата на мандатарот Зоран Заев.

Во своето експозе пред пратениците, Заев се осврна на приоритетите на новата влада, со акцент на економијата и социјалната политика.

Ова е мала Влада што ќе ја предводам, посочи Заев, во која членуваат мотивирани и посветени личности, кои ќе работат на остварување на поставените цели во стратешки интерес на државата.

Во експозето за предложениот нов состав на Влада Заев им порача на кандидатите за министри дека од нив очекува одговорност, како и да ги стават интересите на граѓаните и државата на прво место.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе