Вести Македонија

Над 300 семејства во полошко чекаат да се отворат градинките

Во Тетово и во Гостивар над 300 семејства имаат неоходна потреба за згрижување на нивните деца од предучилишна возраст. Родителите во незивесност, ја чекаат одлуката на Владата – кога ќе започнат со работа детските градинки. Велат дека покрај тоа што нема кој да ги чува, дополнително им недостасува и воспитно-едукативниот процес за децата.

Родителите кои ги пријавиле децата за престој во градинка треба да достават потврда дека не можат да работат од дома. Од Управата на тетовските градинки велат дека можат да ги згрижат сите пријавени, а дополнително се проширува и капацитетот со реновирање на објектите.

И гостиварските градинки се подготвени повторно да ги отворат вратите за децата. Дополнителен простор ќе има и со формирањето на новата градинка, со одлука усвоена на последната седница на Советот.

Според протоколите воспитните групи за деца до 2-годишна возраст ќе треба да имаат по максимум 6 деца и групите над 3-годишна возраст максимум 15 деца.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе