Вести Економија Најважни Свет

Западот да се обедини за да се најде решение за извозот на жито од Украина

Светската криза со храна се влошува поради неможноста Украина да испорача милиони тони жито и други земјоделски производи, поради војната. Земјата е еден од најголемите светски извозници на пченица, пченка и сончогледово масло, но војната и руската блокада на нејзините пристаништа го стопираа тој проток, загрозувајќи ги светските резерви на храна. Многу од приморските пристаништа сега се минирани. Иста е состојбата и на житните полиња околу Киев и Харков, кои остануваат необработени поради борбите.

Полињата се преполни со неексплодирани артилериски гранати или премногу блиску до линијата на фронтот, а земјоделската опрема и магацините се уништени. Но, тракторите започнаа да ја сеат земја, таму каде што е можно, додека на небото се извива чад од размената на руски и украински артилериски оган.

  • Ситуацијата сега е таква што немаме машини, ни го вратија земјиштето што не е минирано каде што можеме да работиме, но не и машините бидејќи тие беа главно уништени, целата опрема е уништена – Михајло Перушенко, фармер.
  • Има многу дупки, целото обработливо земјиште е полно со дупки по гранатирањето. Во моментов нема експлозии, но на други полиња има гранати и има ракети, ги заобиколуваме и сееме. Што да правиме?- Александар Безухлиј, тракторист.

Според Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации, поради војната во Украина цената на житарките се зголеми за повече од од 17,1 отсто. Русија и Украина заедно сочинуваат околу 30% од светскиот извоз на пченица и пченка.

Еден земјоделец од централна Украина рече дека земјоделците во некои делови на Украина носеле панцири и шлемови додека работеле. Тој вели дека за да се нормализира извозот на житни култури потребо да се обезбедат пристаништата на Црното море, бидејќи од таму се извезува 80 до 90 отство од житото.

  • Мислам, единственото нешто што ни треба е да ги отвориме пристаништата на Црното Море и да ги избркаме Русите за да можеме да ја продолжиме нашата работа овде и сите други работи, транспорт по пат или транспорт со воз низ Европа, тоа е пат кон океанот. Знаете, пристаништата на Црното Море, тие извезуваат 80 – 90 отсто од житото во Украина. И не само житото, исто така и сите видови минерали и руди и други работи- Кес Хуизинга, фармер во централна Украина.

Земјоделците од Украина бараат европските земји, заедно со Британците да се обединат и да најдат решение, бидејќи во спротивно тоа ќе биде катастрофа не само за Украина, туку и за земјите увознички.

Рускиот претседател Путин на Макрон и Шолц по телефон им кажал дека се организира процесот на нормализација на животот во пристанишниот Мариупол и другите ослободени градови на Донбас. „Русија е подготвена да придонесе за изнаоѓање варијанти на извоз на жито без пречки, вклучително и извоз на украинско жито од пристаништата на Црното Море“, соопшти Кремљ. Според Путин, вистинските тешкотии околу испораката на храна настанале поради погрешната политика на Западот.

САД и западните сојузници го отфрлија барањето на Русија за укинување на санкциите и ја обвинија Москва за блокирање на испораките на жито од Украина на глобалните пазари – обвинувања кои Кремљ ги негираше.

  • Меѓународната заедница е длабоко загрижена поради пратките на жито што излегуваат од Украина, блокадата и последиците од блокадата, но има начини да се извлече дел во моментов- Џон Кирби, портпарол на Пентагон.

Утре во Брисел лидерите на земјите-членки на ЕУ ќе се обидат да го обединат ставот за шестиот пакет санкции против Русија на што не се согласни Унгарија, Чешка и Словачка.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен вели дека ЕУ мора да продолжи да купува нафта и природен гас од Русија, зашто со ембаргото таа ќе стане уште побогата оти ќе продава на други пазари каде цените се повисоки.

Европската унија треба да предложи одложување на ограничувањата за увозот на руска нафта од клучниот нафтовод Дружба во обид да ги задоволи унгарските приговори и да постигне договор за блокираниот пакет санкции, анализира Блимберг.

Руската агресија врз Украина ја загрози безбедноста на храната, предизвика големо зголемување на цените на енергијата и целосно ја разоткри сегашната политика на потпирање на евтината руска енергија, нафта и гас.

Единствен во чија корист е актуелната ситуацијата е српскиот претседател Вучиќ кој задоволен изјави дека ќе потпише нов тригодишен договор со Путин за увоз на гас по исклучително поволна цена.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

КОД: Кој се кити со македонското злато

Дејан Дејан

Ако улицата се скрати еден метар, нема да можат да поминат ни Пожарна, ни Брза помош – жители од Маџир Маало бараат општина Центар да ја стопира узурпацијата на јавен простор

Дејан Дејан

Власта во реконструкција, опозицијата со оценка – се менуваат фотелјите, но не и политиките

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе