Вести Економија Најважни

Цените на основните прехранбени производи, металите и горивата растат со поголемо темпо од прогнозите

Цените на основните прехрамбени производи, металите, електричната енергија и горивата растат со поголемо темпо од прогнозите.

Државниот завод за статистика  на домашниот пазар бележи  зголемување на цените за 0.3 отсто на месечно ниво, а споредбено со минатата година зголемување има за дури 21.4 отсто.

Драматичен раст има на цената за струјата за 26.9 отсто како и капиталните производи како што се алати, машини и готови производи од 74.6 отсто

Граѓаните се свесни за покачувањето на цените, но стравуваат до колку и до кога тоа ќе трае. Причини за зголемувањето на цените велат се порастот на енергенсите на светските пазари, влијанието на ковид кризата и војната помеѓу Русија и Украина.

Стопанствениците велат дека зголемувањето на цените за 21.4 отсто е премало во однос на трошоците што ги имаат. Тие ја повикаа Владата итно да го поддржи бизнисот со конкретни и директни мерки затоа што доколку продолжи трендот на поскапување, многу фирми ќе се затворат и граѓаните ќе останат без работа.

За 29.4 отсто се зголемиле цените на суровините, кај трајните производи  како што се белата техника и автомобили зголемувањето е за 6.8 отсто, додека пак за 12.6 отсто се зголемиле цените кај нетрајните производи како што се храната, облеката и обувките.

Мартин Николовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

КОД: Кој се кити со македонското злато

Дејан Дејан

Ако улицата се скрати еден метар, нема да можат да поминат ни Пожарна, ни Брза помош – жители од Маџир Маало бараат општина Центар да ја стопира узурпацијата на јавен простор

Дејан Дејан

Власта во реконструкција, опозицијата со оценка – се менуваат фотелјите, но не и политиките

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе