Ниската ткупна цена на компирот го истроши трпението на прозиводителите од Иловица и Штука. Со четириесетина трактори и друга земјоделска механизација го блокираа единствениот откупент пункт во двете села и порачаа дека нема да дозволат маниплација со цените.
Откупувачите пак, велат дека цените ги диктира пазарот, а тој во моментов е преполн со понуда од сите земји во регионот.
Во атарот на овие две села компирот е една однајзастапените култури. Засаден е на близу 500 хектари површина.
Сузана Мицева
