Вести Економија Македонија

Протестот на Управата за матични книги заврши без средба со претставници од Министерството за финансии

Тргнаа од паркот „Жена –борец“ и пешки и со возила дојдоа пред Министерството за финансии, каде ја блокираа улицата „ Даме Груев“.

Но , денешниот протест на Независниот синдикат на Управата за водење матични книги и покрај вклучените сирени од возилата заврши без успех, зашто никој не ги прими на разговор од Финансии.

По поминати 2 недели откако ги усогласија ставовите со Министерството за правда, за новиот Колективен договор, со кој е предивдено исплата на опремнини, К- 15 во висина од 50% од просечната плата, јубилејни награди и надомест за работа во сабота, но и линеарно зголемување на платите за 30%, согласно порастот на минималецот, членовите на Синдикатот се надеваа, но не остварија средба со надлежните од Финансии.

Тие и не знаат дали нивните барања се вкалкулирање во ребалансот на буџетот.

„Колективниот договор е најважната работа што ја бара да се потпише Управата за водење матични книги од министерството.

И тоа го потенциравме. На 12 мај имавме средба, Министерството за правда и Управата. Ги усогласивме барањата, беа прифатени од нивна страна. На 13 мај беа испратени до Министерството за финансии и до ден- денеска на тие барања никој нема одговорено“- вели Тони Милошески, претседател на Независниот синдикат на Управата за водење матични книги.

Од Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија, во чиј состав е Независниот синдикат на Управата за матични книги, изразија револт дека никој не ги зема предбив барањата и обврските на вработените од оваа категорија, кои се важна општествена карика.

„Кај нив секој што ќе дојде на овој свет одкако ќе се роди, сите понатамошни промени измени што ги прави на лични податоци , дали свадба , промена на презиме , дали промена на друг податок , се додека граѓанинот не почине сите податоци ги има оваа категорија вработени. И сега некој се оглушил. Значи преку 30 години никој не се интересира за оваа категорија вработени, колку имаат обврски“ – вели претседателот на КСОМ, Маријан Ристевски.

Доколку надлежните не остварат средба со Синдикатот на Управата во најскоро време, ќе следува голем протест пред Влада, дополни Ристевски.

Во штрајкот , кој започна пред крајот на април, се вклучени 70% од вработените од Управата.

Од тогаш не се издаваат изводи на граѓаните, а документи се добиваат само за лекување во странство и за смрт на странци.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

КОД: Кој се кити со македонското злато

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе