Вести Економија Топ вести

Ќе се крати од мебел и службени возила, но ќе се позајми нова милијарда евра

Државата ќе се задолжува со 900 милиони евра, но не се исклучува можноста долгот да надмине и една милијадра. Парите ќе се бараат од домашниот пазар,  но и од меѓународните финансиски иснитуции.  Министерот  Бесими го презентираше ребалансот на буџетот,  кој владата го усвои  вчера. Од овие средства  200 милиони евра  ќе бидат за враќање на стари долгови, со останатите 700 милиони евра ќе се покрива  дупката во буџетот. Но, колку  ќе биде заемот  од  ММФ,  Бесими не прецизираше.  Рече само дека кога ќе се донесе ребалансот,  ќе се повлечат средствата од фондот кои ќе се договорат.

-Задолжувањето се сведува на покривање на стари долгови кои дома и во странство се 11, 8 млијарди денари или 200 милиони евра. Остатокот е за пркивање на дефицитот  кои што е 696 милиони евра, што значи тоа е задолживањето, вели минисетрот за финансии Фатмир Бесими.

100 милиони евра ќе има помалку и за капитални. За нивна реализација се планираат 520 милиони евра. Во предлог буџетот се обезбеди и околу 100 милиони евра за помош на граѓаните, но и на фирмите. Бесими уверува дека ќе има нови мерки за  да не се почуствуваат  ценовните шокови, но какви допрва ќе се утврдува.

-Состојбата се следи и ќе одиме со мерки со поинаков дизајн или со потаргетирани мерки кои ќе помогнат и за најранливите граѓани и за најпогодените сектори, додава   Бесими.

Од буџетото се кратат и  200 милиони евра од парите за мебел , автомобили , но и  од други непродуктивни трошоци.  Со новото  прекројување на државната каса , ќе се потрошат над 200 милиони евра повеќе,  ќе се  соберат 100 милиони евра плус. Односно, расходите се проектирани на 4,7 милијарди евра , а приходите на 4 милијарди евра.  Расот  е проектиран на 3, 2 проценти,  а стапката на инфлација ќе достигне 7, 2 од БДП.

 

Ирена Чачкова

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

КОД: Кој се кити со македонското злато

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе