Соборот на СПЦ одлучи да го обнови каноско единство со МПЦ – ОА со што се става крај на управниот спор од 1967 година и признава дека македонската црква не е расколчника но она што загрижува во оваа одлука која многумина ја оценуваат како скандалозна е фактот што ја враќа како автономна црква во рамките од СПЦ со канонскиот статус доделен во 1959 година.
Во соопштението од Синодот на СПЦ дури и стои дека ова е на барање на МПЦ – ОА, нешто што е малку веројантно, бидејќи нема причина зошто МПЦ – ОА, би побарала таков статус и со тоа сама да си ја поништи одлуката на Вселенската патријаршија за канонизирање на нашата црква.
Според експертите и познавалчите на овој црковен спор, со одлуката на СПЦ МПЦ – ОА е исто како да се откажала од својата афтокефалност прогласена во 1967 година, за што 55 години се води управен спор а до пред помалку од десет дена нашата црква се водеше како расколничка.
Она што дополнително загрижува е што во одлуката на СПЦ стои дека евентуална автокефалност може да се добие само со консензус од сите православни цркви
„СПЦ братољубиво ќе го решава и реши прашањето за нејзиниот конечен канонски статус, за кој треба да следи и сеправославна согласнот за прифаќање на тој статус“ –тврди српската црква.
Ова е речиси невозможно бидејќи бугарската Православна црква никогаш нема да се согласи со името Охридска архиепископија.
Од МПЦ засега без официјална информација или коментар околу одлуката на Саборот на СПЦ со кој МПЦ- ОА се враќа во автономерн статус во рамките на СПЦ.
Огнен Чанчаревиќ
