Околу 5 милиони евра плус пари ќе бара министерот Бочварски со ребалансот на буџетот. Иако транспорт за годинава го има најголемиот буџет до сега, парите нема да бидат доволни. Бочварски освен што се надева дека најголем дел од средствата од неговата инситуција нема да бидат скратени и клучните инфраструктурни проекти ќе се реазлираат, очекува министерот за финансии да му ги одобри овие дополнители 5 милиони евра потребни за гасификацијата.
За годинава Mинистерството за транспорт на располагање доби околу 100 милиони евра плус. Парите е предвидено да се трошат за инфрастуктурини проекти, договорени со Бектел и Енка.
Ребаласнот на буџетото веќе е во процес. Калкулациите на расходната страна се завршени, сега се работи на приходите. Се очекува до крајот на мај да се најде во Собранието.
Ирена Чачкова
