Вести Економија Топ вести

Бочварски ќе бара 5 милиони евра со ребалансот за остварување на клучните инфраструктурни проекти

Околу 5 милиони евра плус пари ќе бара министерот Бочварски со ребалансот на буџетот. Иако транспорт за годинава го има најголемиот буџет до сега, парите нема да бидат доволни. Бочварски  освен што се надева дека најголем дел од средствата од неговата инситуција нема да бидат скратени и клучните инфраструктурни проекти ќе се реазлираат, очекува министерот за финансии  да му ги одобри овие дополнители 5 милиони евра потребни за гасификацијата.

За годинава Mинистерството за транспорт на располагање доби околу 100 милиони евра плус. Парите е предвидено да се трошат за инфрастуктурини проекти, договорени со Бектел и Енка.

Ребаласнот на буџетото веќе е во процес. Калкулациите на расходната страна се завршени, сега се работи на приходите. Се очекува до крајот на мај да се најде во Собранието.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе