Вести Економија Македонија Топ вести

Економијата може да издржи зголемување на платите во јавниот сектор и К15 за буџетарите од следната година

И покрај кризата, Владата смета дека економијата може  да го издржи товарот и да ги зголеми платите во јавниот сектор за 2806 денари.

Вицепремиерот Битиќи по вчерашната прва средба со ССМ соопшти дека ова покачување би се реализрано со   ребалансот на буџетот кој се очекува да се слулчи во мај или најдоцна во јуни.

„Она за што разговаравме и што беше предложено од ССМ е линиеарно покачување во износ од 2806 денари, за сите вработени во јавниот сектор, што би се аплицирало со новиот ребаланс на буџетот. Ова е покачување кое нашата економија може во моментов да го издржи, секако имајќи ја предвид целокупната ситуација, а без притоа да ги изложиме сите наши граѓани на инфлациски шок“ – напиша Битиќи на Фејсбук.

До сега  официјална пресметка колку пари ќе бидат потребни за да се исплатата повисоки плати  во јавниот сектор нема, но анализите на Телма покажуваат дека тие 2.800 денари покачување ќе го чинат буџетот плус 7 милиони евра месечно или 83 милиони евра годишно – односно дополнителни 41 милион евра за вторите шест месеци од годината.

Од ССМ  велат дека се  поблиску до договор и се  надеваат дека  за брзо време сита работници во јавниот сектор ќе го добијат покачувањето.

Во однос на постоечките закони,  велат дека се уште има места каде не се исплаќа дневница за работа во недела, но и законскиот минималец од 18 илјади денари.

Освен за повисоки плати ССМ и Владата преговараат и за повторно враќање на К-15 во јавниот сектор и тоа веќе од следната година.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјоделците да се внимателни кога наводнуваат и користат механизација во близина на далекуводи – последиците можат да се сериозни предупредија од АД Мепсо

Дејан Дејан

Само суд ослободен од надворешни влијанија може да обезбеди правична примена на правото – конференција на Врховни судии од Европа

Дејан Дејан

Мицкоски со порака до трговците: Кризата заврши, намалете ги цените на прехранбените производи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе