Дали сте за онлајн настава или настава со физичко присуство? Ваква порака деновиве добиле родители чии деца во пониските одделениа од прво до трето. Но, официјален допис како практично ќе функционираат двата модели, се уште нема. Не е познат ни датумот кога ќе почне училиштна година. До нашата редакција стигнаа неколку мејлови од родители во кои стои дека тие уште истиот ден кога ја добиле пораката треба да пресечат дали ќе ги пуштат своите деца на училиште или сепак и од септември ќе учат од дома.
Ви праќаме анкетен лист со кој треба да се изјасните дали сте соласни или не сте согласни вашето дете да посетува настава со физичко присуство во училница, согласно капацитетот на училиштето , според планот и протоколите на МЗ и МОН, стои во пораката од родител на основец во скопско училиште.
Понатаму се објаснува дека ваквите анкетни листови се прават за да може да се органзиира наставата со филиќчко присуство, да се спремат уличниците, клупите да се стават на соодветно растојание , да се знае по колку деца ќе бидат во училна. Од општините пак со кои разговараше Телма велат дека тие од МОН на 20 август добиле допис кој треба да го пратат до основните училишта а родителите да се изјаснат како сакаат нивното дете да ја започне училишната година. Од МОН, пак не добивме одговор.
А иако се чекаат промени на законот за основно и оној за средно образование , без чии измени не може да стартува годината тема на првата неформалана средба на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи беше токму образованието. Потпретседателот на СДСМ , Манчевски кажа Владат веќе дала јасни насоки како ќе се одвива наставата.
Од друга страна, пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ Тимчо Муцунски изјави дека сме назад до основните стандарди на дигитализацијата.
За сега се знае дека часовите ќе се скратат, ќе траат 30 минути за основци , 35 за средношколци , учениците да бидат поделени во групи, да одат во смени и да има 10 мин разлика за да не се среќаваат прва со втора смена, мерење на температура на влез се генералните препораки за настава со физичко присуство. Но поединечно, како ќе функционираат училиштата, колку капациетет и кадар имаат засега не се знае.
Теодора Цветковска