СОНК во моментов го разгледува владиниот предлог кој вчера беше ставен на хартија за зголемување на платите во образованието од 10%.
Владата не отстапува од овој предлог и го повикаа СОНК да ја прифати понудата и да биде флексибилен во овие преговори, затоа што станува збор за економска криза на глобално ниво, а во еден дијалог сметаат дека не може битката да ја извојува само едната страна.
Надлежните велат дека со новата методологија која се подготвува ќе следува и постојано покачување на платите во јавниот сектор паралелно со растот на трошоците.
Пред седиштето на СОНК е Сотир Трајков.
