Министерството за финансии во рок од седум дена да испрати барање до Европската комисија за користење на макро-финансиска поддршка од Европската унија-од помошта за не –ЕУ земјите- одлучи Владата која е во мисија како да се најдат пари за финанисирање на дупката во буџетот која е јасно дека уште ќе се продлабочува. Министерот за финансии Бесими најави дека со ребалансот кој се подготвува и треба најдоцна до јуни да стигне пред пратениците, дефицитот ќе е поголем од планираниот од 545 милиони евра или 4,3 % од БДП. Потврди и дека ќе расте инфлацијата, но и јавниот долг- а парите и надвор, од каде планиравме да се задолжуваме се прескапи. Па така еврообврзницата која беше планирана на 600 милиони евра еден и пол месец е не чекање, бидејќи каматите се превисоки. Експертите децидни- ја живеме најголемата криза – од која не знаеме како ќе излеземе. И препорачаа на Владата- во време на висока инфлација- наместо да се расфрла со пари – да штеди.
Според Бауш,со ребалансот не треба да се кратат капиталните инвестиции. Вели ако се задолжуваме тоа да биде за продуктивни цели- а не за гасење социјални пожари. Зошто ако продолжиме вака – јавниот долг кој надмина 7 милијарди евра- ќе нема како да го враќаме.
Инаку не е прв Владата да бара помош од ЕУ за да ги покрие буџетските трошења. Пари добивме и во 2020 година поради кризата со пандемијата. Дел од парите се грантови,а дел се поволни кредити. Целта е да се помогне на земјите апликанти во враќањето на одржлива надворешна финансиска состојба- соопштои владата и е дополнување на финансирање претходно одобрено од ММФ. Од министерството за финансии нема информаација колку пари ќе се бараат од ЕУ и за што ќе се трошат.
Александра Филиповска
