Најважни Свет

Во критична состојба рускиот опозиционер Алексеј Навални бил отруен во авион

Рускиот опозициски лидер и блогер Алексеј Навални е хоспитализиран во Омск и се наоѓа во критична состојба. Тој е во бесознание и е поврзан на апарат за вештачко дишење, изјави неговата портпаролка Кира Јармиш,  јави Би-Би-Си.

Јармиш на Твитер објави дека за време на летот од Томск кон Москва, на Навални му се слошило и авионот морал под итно  да слета во Омск.

Таа наведува дека Навални е отруен, односно дека во авионот нешто му било ставено во чајот,  а болницата каде што бил примен потврди дека станува збор за труење.

Навални (44) е најгласниот критичар на политиките на претседателот Владимир Путин.  Во јуни тој гласањето за уставните реформи го оцени како  „пуч“ и „кршење на уставот“.  Реформите на Путин му овозможија да добние  уште два мандата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел се заканува со еднострани мерки при признавање на палестинска држава

Дејан Дејан

Трамп го повика Киев да преговара со Моксва за прекин на огнот

Дејан Дејан

Индија ликвидирала над 100 екстремисти во напади на пакистанскиот дел од Кашмир

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе