Вести Временска прогноза

Сончево со мала локална облачност – Временска прогноза за 27.3.2022

Утре наутро по котлините ќе има услови за појава на слаба магла, а преку денот ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност во западните делови. Ќе дува слаб ветер претежно од  северен правец.

Агропрогноза:

Во оваа седмица, особено во втората половина, вистинските пролетни услови за кратко време ја разбудија вегетацијата особено кај овошките од коскестите видови, каде се забежени сите фази на цветање, од почеток до завршеток на цветањето.

Ваквите временски услови се очекува да продолжат и во наредната седмица, со мала промена во понеделник, кога се очекуваат слаби врнежи од дожд, додека во наредните денови се очекува време со позитивни утрински температури и дневни кои ќе бидат во границите до 20°С, временски услови оптимални за земјоделските култури во овој период од годината.

Позитивните утрински температури ќе овозможат голем дел од метеоролошките станици во Македонија да ги одминат просечните датуми на последна појава на мраз, што на некој начин гарантира дека овие мразеви од изминатата седмица би биле и последните за оваа пролет.

Едновремено поволните временски услови ќе овозможат и работа на отворено во овоштарниците и лозовите насади, околу меѓуредовата обработката, заштитата на истите, потоа работи во тутунопризводството за сеидба на леи за производство на расад и вообичаени работи во градинарството во овој период од годината.

Информација од утрово:

Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)

34 Попова Шапка, 15 Крушево, Маврови Анови.

Минимална температура (во °C)

-5 Берово, -4 Маврови Анови, -2 Попова Шапка, -1 Битола, Крива Паланка, Претор, 0 Скопје-Петровец, Тетово, Демир Капија, 1 Охрид, Прилеп, Штип, Дебар, Kрушево, 2 Куманово, 3 Струмица, 4 Виница,  5 Скопје-Зајчев Рид, 6 Гевгелија, 8 Дојран.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уште еден „Марш за ангелите“ попладне во Кочани

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Сторија од Преспа: Природата не е депонија!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе