Вести Економија Топ вести

Поскапеа и погребите и свадбените услуги на Црквата

И црквата ги покачи цените за црковните услуги. Според новиот таксеник на Преспанско-пелагониската епархија најскапи се венчавките и погребите. За венчавка црквата наплаќа 7.700 денари, а  погреб чини од 3.000 до 5.000 денари, во зависност дали е со 1 или со 3 свештеници. Крштевката е 3.800 денари, а цените на другите црковни треби како парастоси, задушница, водосвет се од 200 до 2.000 денари.

Новиот таксеник во црквите на Преспанско-пелагониската епархија е со важност од  февруари годинава, а цените се покачени од 50 до 500 денари во зависност од услугата.

Дел од битолчани велат дека цените се превисоки. и во ваква криза Црквата треба да

Тоа е премногу што го направија поповите. Услугите се поскапени, спевање, погребалните услуги се исто така многу поскапени. Ова нема крај, вели битолчанец.

Дел од граѓаните велат дека поскапувањето на сите цени очекувано повлече поскапување и на услугите во црквата.

Сега слушнав дека некој спевал порано било 200 денари сега 250 денари или 300 денари, ми кажа човек што дошол за спевање. Па и поповите треба да живеат, работата не им е така лесна, вели битлчанец.

Некои од црквите во Преспанско-пелагониската епархија новиот таксеник го истакнаа на социјалните мрежи уште пред Задушница, а како што пишува на документот, цените се утврдиени на 8 февруари. Не добивме одговор од Владиката Петар за покачените цени на црковните услуги и покрај обидот да стапиме во контакт

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гир до Сиљановска-Давкова: Очекувам тесна соработка за европската иднина на земјата, Вархеј очекува забрзување на реформите

Дејан Дејан

Еурактив: Се чини дека Северна Македонија ќе биде во судир со Грција и со Бугарија

Дејан Дејан

Најдоцна 20 дена по одржаните избори Собрание се состанува на конститутивна седница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе