Свет

Во Германија најголем број „увезени“ слуачаи со Ковид-19 се од Косово

Германскиот Институт за заразни болести Роберт Кох (РКИ) подготви листа на земји во кои се заразиле најголем број Германци.

РКИ наведува дека од средината јуни, по пртвото отворање на границите, забележан е раст на лица кои се заразиле со новиот коронавирус додека престојувале во среанство.

Пред „затворањето“ во средината на март, уделот на увезени случаи, според РКИ, изнесувал 46 проценти, а по затворањето на границите истиот се намалил на 0,4 отсто. По отворањето на границите, уделот на „увезени“ случаи повторно се искачи на 31 процент.

На прво место на листата од 15 држави, се наоѓа Косово, од каде 1.096 лица го „донеле“ вирусот во Германија. На второ место е Турција со 501 случај, а потоа Хрватка со 260.

На четврто место е Србија со 196 случаи, Бугарија – 166, БиХ – 156, Романија со 113, Полска – 112, Шпанија – 107, Северна Македонија – 92, Албанија – 86, Холандија – 50, Австрија – 44 и Франција и Украина со по 43 сличаи.

Германските власти не знаат зошто е висока бројката на инфицирани повратници од Косово, но претпоставуваат дека тоа е поради тоа што голем број муслимани од Германија отпатувале во земјата на потекло за празникот Бајрам.

Од 8 август е во сила задолжителното тестирање на лицата кои се враќаат во Германија од ризичните региони, како и двонеделен карантин.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕК виновна за нетранспарентност, пресуди Судот на правдата на ЕУ

Дејан Дејан

Киев и Москва утре во Истанбул на први директни разговори по 2022 година

Дејан Дејан

Одобрен 17. пакет санкции против Русија- санкциите ќе опфатат и компании од Виетнам, Србија и Турција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе