Шпанскиот регион Галиција го забрани пушењето во јавните простори заради загриженоста дека го зголемува ризикот за пренесување на Ковид-19.
Забрането е пушењето на улиците и во јавните простори, како рестораните и баровите, во ситуација кога не е возможно почитувањето на социјалното дистанцирање. Како причина се наведува фактот дека пушачите не носат маски, проектираат микроскопски капки кога го издишуваат чадот но и ризикуваат да бидат заразени затоа што ја допираат цигарата, пред да ја доближат до својата уста.
Овој регион во северо-западна Шпанија е првиот во кој се воведува ваква мерка, иако и други региони во државата размислуваат за ваква забрана.
Причината е во фактот дека Шпанија се соочува со највисоката стапка на инфекции во Западна Европа.
Бројот на дневни нови случаи корона вирус во земјата се зголеми од помалку од 150 во јуни, до над 1500-тини во текот на август.