Ракомет Спорт

Нова победа на ракометарите пред заминувањето на ЕП

Македонската ракометна репрезентација и во третиот контролен натпревар во рамките на подготовките за настап на Европското првенство успеа да забележи победа. Овој пат во Скопје совладана е селекцијата на Израел со 31:28.

Почетокот на натпреварот им припадна на гостите кои поведоа со 4:1, но во продолжението нашите ракометари успеаа да го преземат водството и на половина од првото полувреме имавме предност од 7:6. Во овој дел од мечот избраниците на селекторот Лазаров имаа контрола врз играта и резултатот и во еден момент стигнавме до предност од два гола, која бргу се истопи и Израелците поведоа со 11:10. Предноста од еден погодок гостите ја одржуваа до самиот крај на првото полувреме и на одмор заминаа со водство од 15:14.

Во продолжението од средбата нашите ракометари полека, но сигурно ја преземаа контролата на играта и резултатот и успеа да направи пресврт и од моментот кога поведовме со 22:21, водството постојано се зголемуваше и во еден момент  стигнавме до предност од четири разлика што беше доволно за нова победа.

Прв стрелец во нашиот тим со пет гола беше Ненад Костески, Цветан и Филип Кузмановски постигнаа по четири, а голманите Никола Митревски и Мартин Томовски комбинирано забележаа 11 интервенции.

Вториот натпревар се игра утре со почеток од 18 часот.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Беше на украинскиот фронт од првиот ден на војната – загина двократниот европски првак во кревање товар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европското првенство во Задар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе