Спорт Топ вести Фудбал

Кумановецот Столе го смени Куман во Барселона

Оспоруваниот тренер на Барселона Роналд Куман заминува од клупата на каталонскиот гигант откако и во Мадрид, неговиот тим загуби од Рајо Ваљекано.

На отказот на Куман кумуваше и кумановецот Столе Димитриевски, голманот на македонската репрезентација и на Рајо. Популарниот Столе одбрани пенал, имаше повеќе фантастични интервенции и не дозволи погодок во мрежата која ја затвори за напаѓачите на Барса.

Навивачи на Барселона кои Куман го сметаат за озлогласен губитник и со недели бараа негова смена, задоволни се што управата реши да го „откачи“ холанѓанецот, а некои од нив дури покренаа иницијатива на стадионот Камп Ноу во Барселона да му се подигне биста на „спасителот“ Столе Димитриевски.

Димитриевски беше неприкосновен „кец“ на македонската репрезентација на Европското првенство летово каде исто така успеа да одбрани пенал.

Рајо Ваљекано ја победи Барселона со 1:0

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Жерновски: Во која европска земја после Бугарија, има најмногу бугарски државјани во својата влада?

Дејан Дејан

Мицкоски ги информирал партнерите на НАТО за дипломатската нота објавена од Бугарија

Дејан Дејан

(видео)Во земјоделското училиште во Битола се запишале три деца – Јаневска вели наставниците не биле доволно ажурни и не успеале да привлечат ученици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе