Забава

„ Педесет лица на стравот “ во „ Дуња“ за Ноќ на вештерките

По повод интернационалниот празник Ноќ на вештерките- Halloween, во социјалниот центар „ Дуња“ ,во недела во 19 часот ќе се одржи перформансот „ Педесет лица на стравот.“  Се работи за мултимедијален настан креиран од театарот „ Златен Елец“, „Cozmic Vizion“ и „ Театроск“, кој вклучува “Kуќа на стравот”, изложба на фотографии, актерски перформанс и живи статуи.
– Нашата цел е да понудиме нешто ново на уметничката сцена, да се надоврземе на класичното и да го издигнеме на повисоко и модерно ниво, креирајќи алтернативни начини на креативно изразување и презентирање, велат организаторите.
Во „Куќата на стравот“, посетителите ќе ги пречекаат ликовите од хорор филмовите: Freddy Krueger, The Joker, Harley Quinn, Maleficent, The Nuns, Zombies, Witches, Vampires, Scary Clowns и др.
Изложбата на фотографии ќе трае и во следните два дена (1 и 2 ноември), од 17 до 22h, со можност посетителите да купат по некоја.
Настанот не се препорачува за лица под 16 години и за луѓе со слабо срце и со епилептични напади.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Горан Бреговиќ и како да доживееш стота: Концерт на Бијело Дугме во Скопје

Дејан Дејан

Избрани првите финалисти на 69. издание на Евровизија 2025

Дејан Дејан

„Макпетрол“ и „Телма“ во соработка со Сашко Коцев почнуваат нова забавна детска емисија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе