МЕПСО јавно нема да ги објави фактурите испратени испратени изминативе неколку месеци до приватните снабдувачи за искористена балансна енергија бидејќи како што тврдат станува збор за доверливи податоци. Иако од МЕПСО ја инфромираа Регулаторната дека некои фирми снабдувачи енормно ја користат балансната струја, јавноста ќе биде ускратена од информацијата за кого станува збор. Истото се однесува и за висината на гаранциите за кои минатата недела соопштија дека се покачени.
Меѓутоа од МЕПСО соопштија дека само за месец јули до фирмите снабдувачи се доставени фактури во висина од 119 милиони денари, речиси два милиони евра, за превземено поголемо количество енергија од нивните планови. Најголем дел се платени информираат од државното претпријатие без да се прецизира сумата.
Зголемувањето на цената на струјата на светските берзи беше причината поради која приватните снабдувачи со струја почнаа да увезуваат се помали количества а се повеќе да се ослонуваат на МЕПСО.
Како што тврдат изворите на Телма неколку фирми свесно купувале и до половина од вкупната количина на енергија која требало да ја испорачаат дента токму од МЕПСО, што е злоупотреба на системот. Некои пак се обиделе да ја почакат цената за крајните потрошувачи или пак на своја рака ги раскинале договорите како што е случајот со Министерството за одбрана, ТИРЗ, Град Скопје, Опера и Балет, Нардоната банка
Токму затоа во регулаторната комисија се води постапка против осум фирми за одземање на лиценцата. Тоа се: „Мист Енерџи“, „У пауер“, Вангард“ „Енерџи он“, Енерџи уинд“, „Солар Про“ , „Енерџи Актив“ и „Енергиа Гас енд Пауер“.
А корисници се приватниот и бизнис секторот но и голем број на државни институции. Според достапните податоци, четири од осумте фирми, како свои корисници имаат неколку сотини државни институции. Министерството труд и социјала, УЈП, агенции, болници, општини, судови и голем број на училишта се со договор со фирмите кои може да останат без лиценца за работа
Доколку тоа се случи, тие ќе мора да склучат нов договор, со нов снабдувач по цена повисока од онаа што веќе била договорена поради моменталаната цента на енергијата на берзите што е далеку повисока од онаа во првичните договори.
Огнен Чанчаревиќ