Рокот на јавниот повик за набавка на јаглен е продолжен за три дена, информираа од ЕСМ. Продолжувањето е на барање на странски компании за да можат да доставаат комплетни понуди, објаснуваат од државните електрани. Со јавнит оглас се бараат 1,2 милиони тони јаглен за потребите на термоелектраните Битола и Осломеј за излегување од енергетската криза.
- „Продолжува засилениот ископ на домашен јаглен, но за да можат во краток рок да се вклучат максималните капацитети на термоелектраните согласно моменталните потреби на стопанството за поевтина електрична енергија, потребно е да се набави јаглен и сметаме дека постапката успешно ќе се реализира“, велат од ЕСМ.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.