Белгиската министерка за здравство стана хит на социјалните мрежи поради необична заштитна маска која вчера ја носеше во парламентот.
Министерката Маги Де Блок носеше маска на која беше испринтано нејзиното лице, што веднаш предизвика големо внимание. Таа и на Twitter објави фотографија со маската, каде напиша дека целиот приход од продажбата на маските ќе биде за хуманитарни цели.
Белгија воведе задолжително носење маски во бројни затворени простори како продавници, музеи и кина.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.