Вести Свет

Украина и Молдавија отвораат нов кластер со ЕУ- едногласна одлука во Брисел

Земјите-членки на Европска Унија (ЕУ) денеска едногласно се согласија за отворање на уште еден кластер од претпристапните преговори со Украина и со Молдавија. Официјалното отворање ќе биде на Меѓувладина конференција на 14 јули.

Договорот постигнат за отворање на Групата 6 – Надворешни односи, која ги вклучува Поглавјето 30 (Надворешни економски односи) и Поглавјето 31 (Надворешна, безбедносна и одбранбена политика), следи по официјалното започнување на преговорите за членство во ЕУ од страна на двете земји на 15 јуни со отворањето на Групата 1 – Основи.

Унгарија и поранешниот премиер Виктор Орбан со години го блокираа процесот на пристапување на Украина поради спор околу третманот на унгарското малцинство во западна Украина. Денешната одлука покажува постепена промена во ставот на Будимпешта, по изборната победа на Петер Маѓар, чија влада соработуваше со Киев за решавање на спорното прашање, што резултираше со отворање на првиот преговарачки кластер.

Европската комисија и Украина сакаат да ги отворат сите преостанати кластери пред летната пауза, за да покажат подготвеност за побрз напредок во процесот на пристапување, но Унгарија останува против отворање на пет кластери во толку краток временски период.

Ирското претседателство со Советот на ЕУ, што почна на 1 јули, зазеде попрагматичен пристап, предлагајќи постепено отворање на кластерите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Изборниот законик доби дополнителен грејс период да биде донесен

Tea Dimkovska

Пожари беснеат во Штип и Пробиштип – се гасне и од земја и од воздух

Tea Dimkovska

ДУИ: Назначувањето на Стоиљковиќ е закана за Охридскиот рамковен договор

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе