Невработените од земјава со задолжително средно образование, а посебно младите до 29 години до денеска можат да се пријават во центрите за вработување во земјава за добивање грант за самовработување и отворање сопствен бизнис.
Тоа е дел од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2026 година кој со 40 милиони евра Владата го финансира од буџетот со цел да се намали невработеноста во земјава, преку самовработување и започнување на сопствен бизнис.
За првата мерка самовработување до 29 години грантот е 10 илјади евра, а над 29 години е 7 илјади евра меѓутоа невработените кои ќе добијат можат да основаат Друштво со ограничена одговорност и ако се здружат двајца млади до 29 години можат да добијат 20 илјади евра, а ако се здружат двајца повозрасни можат да добијат 14 илјади евра.
Доколку се искомбинира заедно да работат помладо лице до 29 години 10 илјади евра плус еден повозрасен кој ќе добие 7 илјади евра, или двајцата би добиле вкупно 17 илјади евра.
На огласот можат да аплицираат и повратниците и кај нив новитетот е што покрај овој грант добиваат плус 10 посто од овие суми.
Така младо лице повратник до 29 години покрај 10 илјади евра добива и 10 отсто плус бонус или вкупно 11 илјади евра, за отворање на сопствен бизнис.
