Променливо облачно и нестабилно со повремен локален дожд и грмежи. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²), грмежи, засилен ветер (над 60 km/h) и појава на краткотрајно невреме со град.
Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 12 до 19°C, а максимумот од 26 до 35°C.
Информација од ова утро 1.7.2026
21 Битола, 16 Претор, Крушево, 12 Демир Капија, 9 Лазарополе, 8 Скопје-Петровец, 6 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, 4 Охрид, Прилеп, Берово, Пожаране, Попова Шапка, 2 Велес, Струмица,1 Штип, Кавадарци.
Деталите во Телма МЕТЕО со Деница Ангеловска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
