Државниот завод за статистика објави дека во 2025 година се регистрирани 911 бесправно изградени објекти.
Најмногу бесправно изградени објекти, 169, (18.6 проценти) се за домување. Од нив
128 се исклучиво станбени, 24 претежно станбени, а 17 за одмор и рекреација.
Бесправно се изградени и 164 огради (18 проценти), 116 деловни објекти (12.7 проценти), 113 натстрешници (12.4 проценти), 110 доградби, надградби и адаптации (12.1 проценти), 106 помошни објекти (11.6 проценти), 79 гаражи (8.7 проценти), 22 летни тераси (2.4 проценти), 17 времени објекти (1.9 проценти) 9 скалила (1 процент) и 6 тераси (0.7 проценти).
Најголем број бесправно изградени објекти, 96.1 проценти, се во приватна сопственост.
