Вести Македонија Топ вести

Побарала 300 евра од студент од Турција да го пушти на испит – професорка на Медицинскиот факултет во Штип фатена со парите во рака

Триесет и девет годишна професорка на Факултетот за медицински науки при универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип побарала и зела мито од студент од Република Турција. Триста евра била цената за да помине на испит. Но, 26-годишниот турски студент случајот го пријавил во полиција на 22 јуни, а вчера професорката е фатена на лица место, како го прима митото.

„Преземени се мерки во координација со Основното јавно обвинителство Штип и на К.Б. му биле предадени, крим технички обработени, три банкноти по 100 евра. Полициски службеници ја лишиле од слобода Т.А. веднаш откако ги примила парите. Таа е задржана во полициска станица, парите се одземени и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава“, сооштија од МВР.

Раководството на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ денеска порача дека имаат нулта толеранција за корупција и во академската заедница нема место за никој што ја злоупотребува својата позиција, го нарушува интегритетот на образованието и ја изневерува довербата што му е дадена.

„Токму затоа целосно ги поддржуваме активностите на надлежните институции во борбата против корупцијата. Само со професионални, законити и неселективни постапки можат да се откријат, санкционираат и трајно да се отстранат ваквите појави од академскиот систем. Веруваме дека токму ваквите постапки се единствениот пат кон посилни, поздрави и покредибилни институции. Така се штитат интегритетот, угледот и достоинството на високото образование и се зајакнува довербата на јавноста во академските институции“, велат од УГД Штип.

Раководството на УГД Штип ги повикува сите кои имаат сознанија за корупција или други незаконски дејствија да не молчат. На универзитетот постојат воспоставени механизми за пријавување на вакви случаи и секој може без страв да ги искористи. Студентите случаи на мито можат да пријават и до надлежните институции.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се комплетира владината реконструкција – Мицкоски ќе ја објави по партискиот Извршен комитет

Дејан Дејан

Дурмиши: Анализата на Пазарна ќе покаже дали ќе интервенираме во маржите

Sasko Dimovski

Државата во јуни позајми над 50 милиони евра од домашниот пазар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе