Вести Култура

Марија Ангеловска ја доби наградата „Енхалон“, а Лју Јуе „In vino veritas“ на Струшките вечери на поезијата

Поетесата Марија Ангеловска е добитничка на наградата „Енхалон” за најдобра прочитана песна од млад автор, а поетесата Лју Јуе од Кина ја доби наградата „In vino veritas“ за најдобра песна посветена на виното на 65-тите Струшки вечери на поезијата.

За наградата „Енхалон“ се пријавија седум поети со по три песни, додека за најдобра песна посветена на виното, напишана на етикетите на вината на „Тиквеш“ во конкуренција беа 23 автори.

 

Јубилејното 65-то издание Струшките вечери заврши синоќа со врачувањето на највисоките фестивалски признанија, „Златен венец“  на холандската поетеса Анеке Брасинга и „Браќа Миладиновци“ на македонската поетеса Николина Андова Шопова на меѓународното поетско читање „Мостови“ на Мостот на поезијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сега е моментот за проширување и да сум на ваше место би ја искористил оваа можност, литванскиот министер за надворешни работи со порака до Македонија

Дејан Дејан

Десетици цивили убиени во пакистански воздушни напади во Авганистан

Дејан Дејан

Милошоски контра Левица: Одбиваат да се потпишат како ко-предлагачи на Изборниот законик иако се прифати нивниот предлог за распредeлба на буџетски пари до партиите

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе