Вести Економија Македонија

За половина денар поевтинува дизелот, а поскапува бензинот – Регулаторна ги објави новите цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе нова одлука за цените на нафтените деривати, со која од полноќ ќе стапат во сила нови малопродажни цени. Во просек, цените се намалуваат за 0,27 отсто, но бензините ќе поскапат, додека дизелот ќе поевтини.

 Во просек, цените се намалуваат за 0,27 отсто, но бензините ќе поскапат, додека дизелот ќе поевтини.

Според одлуката, од 30 јуни во 00:01 часот, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) се намалува за 0,50 денари по литар и ќе изнесува 80 денари за литар.

Од друга страна, бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапуваат за 0,50 денари по литар. Така, новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 84,50 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 86,50 денари за литар.

Цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) останува непроменета и ќе изнесува 79,50 денари за литар, додека мазутот поевтинува за 0,796 денари по килограм и ќе се продава по цена од 41,495 денари за килограм.

Од РКЕ информираат дека на светските пазари референтните цени бележат намалување кај сите нафтени деривати, но врз конечната пресметка влијаел и повисокиот курс на американскиот долар во однос на денарот во споредба со претходниот пресметковен период.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сега е моментот за проширување и да сум на ваше место би ја искористил оваа можност, литванскиот министер за надворешни работи со порака до Македонија

Дејан Дејан

Десетици цивили убиени во пакистански воздушни напади во Авганистан

Дејан Дејан

Милошоски контра Левица: Одбиваат да се потпишат како ко-предлагачи на Изборниот законик иако се прифати нивниот предлог за распредeлба на буџетски пари до партиите

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе