Бугарското МНР негира дека е одговорно за објавувањето на дипломатската нота поврзана со семејството на премиерот Мицкоски и оценува дека не може да стане збор за загрозување на безбедноста на премиерот зашто настаните на кои се однесува дипломатската нота се случиле во минатото.
„Министерството за надворешни работи не дистрибуирало никаква дипломатска нота или друга официјална кореспонденција поврзана со посетата на Бугарија од страна на членови на семејството на официјален претставник на друга држава“, се вели во соопштението на министерството.
„Информациите што циркулираа во јавниот простор во последните денови се однесуваат на вербална нота од 6 јануари 2026 година и се однесуваат на настани што се случија пред некое време. Во моментов, оваа информација не може да се смета како основа за заклучување дека постои непосредна закана за безбедноста на граѓаните на Бугарија или на која било друга земја“, велат од Министерството.
Реакцијата следува по повикувањето на бугарскиот амбасадор во Скопје во македонското Министерство за надворешни работи, а по објавување на информации поврзани со патувањето на семејството на премиерот.
Македонските власти го повикаа бугарскиот амбасадор и побараа појаснување од бугарските власти за објавувањето на чувствителни информации во јавноста, а премиерот за случајот ги инфромираше и членките на НАТО…
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски побара извинување и брза реакција од бугарските власти.
