Вести Македонија Топ вести

Финансиската дупка во ПИОМ нова политичка препирка меѓу власта и опозицијата

Наместо вториот пензиски столб да го подобри целиот пензиски систем, сега се најде во политичките препирки меѓу власта и опозицијата.

Премиерот Христијан Мицкоски на поткастот „Каде се парите“ рече дека корисниците на вториот пензиски столб би можеле да бидат разочарани, а лидерот на опозицијата Венко Филипче оцени дека и изјавите и политиките на актуелната влада нанесуваат штета на стотици илјади пензионери, а дополнително ја зголемуваат дупката во Пензискиот Фонд.

Филипче тврди дека пред промената на власта преклани, дупката била 30% од потребите на Фондот за исплата на пензии, а сега дефицитот повторно се зголемил на 40 проценти.

  • Мицкоски во 2024 година рече дека пензискиот систем е стабилен и дека дупката во фондот за пензиско осигурување ќе постои се додека вториот столб не почне посилно да исплаќа пензии, а сега кажува дека не знае што ќе донесат резултатите од уплатите во вториот пензиски столб. Граѓаните што ги уплаќаат парите таму се во голема неизвесност и се поставува прашањето Дали премиерот има намера преку државните механизми да интервенира во тој буџет во кој што луѓето си уплаќаат за да имаат доволно пари за деновите, годините во пензија и на тој начин да го оштети – Венко Филипче претседател на СДСМ.

Од Пензискиот фонд велат дека поради историски најголемото зголемување на пензиите, се зголемиле обврските и кон здравствениот фонд и кон вториот пензиски столб. ПИОМ реагира по објавениот ревизорски извештај за утврдени неправилности и пропусти.

Директорот Никола Мемов во реaкцијата тврди дека неправилностите се однесуваат на периодот во 2024-та година кога на чело на Фондот бил друг менаџмент поставен од сегашната опозиција, но во последните две години- според Мемов веќе се отстранети слабости во системот за јавни набавки и се преземаат активности за подобрување на состојбата на Фондот кој тежи стотици милиони евра.

Симона Петровска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Една шестина од населението во ЕУ се самци – извештај на Евростат

Sasko Dimovski

Доверба му изгласаа 58 пратеници, за смена се изјаснија 19 – Тошковски ја „преживеа“ и третата интерпелација во собранието

Sasko Dimovski

Дали Јанушев крие фирма во Бугарија – СДСМ бара истрага од Антикорупциска, од Владата велат се работи за инсинуации

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе