Вести Македонија Топ вести

Дали Јанушев крие фирма во Бугарија – СДСМ бара истрага од Антикорупциска, од Владата велат се работи за инсинуации

ДКСК да отвори предмет и да истражи дали владиниот генерален секретар Игор Јанушев сокрил поврзаност со фирми во Бугарија,  бараат од  СДСМ. Прашуваат и дали ќе поднесе оставка додека трае истрагата.

„Бугарски капитал, фрима или ваква поврзаност не е наведена во неговите анкетни листови доставени до ДКСК. ДКСК не смее да биде нем набљудувач на скандалите на власта.

Овој скандал го открива целото лицемерие на Мицкоски и ВМРО, целиот нивни лажен наратив.Тераат бизнис интереси во Бугарија, не чекаат како граѓаните со часови на граници а во исто време ја блокираат европската интеграција на Македонија и ги блокираат парите од ЕУ преку фондовите“, рече Богданка Кузеска, СДСМ 

Претседателот на антикорупциската комисија за Телма вели дека ги следат информациите во јавноста. Потенцира и дека имаат ограничени можости за  испитување на имот во странство но тврди ќе направат напор да ги проверат и овие наводи

„Ние од претходно имаме оформено предмет за проверка на податоците за имотната состојба и интересите на лицето Игор Јанушев, генерален секретар на Владата. Постапувањето по тој  предметот е во тек. Но во рамки на тој предмет ќе ги земеме предмет  и овие наводи за евентуално поседување на фирми во странство“, рече Адем Чучуљ, претседател на ДКСК.

Јанушев не  упати прашањата да ги доставиме до Владата а од таму  ни одговорија  дека  Генералниот секретар никогаш не поднел барање за стекнување друго државјанство, ниту бугарско, а уште помалку остварил каков било приход од фирма во Бугарија. Велат станува збор за обиди за манипулација на јавноста, без ниту еден релевантен доказ.

„Сите инсинуации во таа насока се целосно невистинити и претставуваат уште еден пример за политиката на дезинформации што СДСМ ја практикува откако е во опозиција. Но, доколку веќе отвораат прашања за компании регистрирани во соседни држави, тогаш очекуваме да побарате став од СДСМ и одговори од Венко Филипче кои јавноста ги очекува, за неговите деловни субјекти регистрирани во Петрич на улица Гоце Делчев број 12 и за природата на нивното работење, што работат истите, како и за изворите на приходите што ги остваруваат“, соопштија од Владата.

 Од опозициската СДСМ вчера објавија дека генералниот секретар на Владата на има бугарски пасош но и дека  е поврзан со компанијата „ФЛУГБАН ТРАНС“ ДОО со седиште во Ќустендил, Бугарија, фирма  во чија сопственичката и управувачката структура се појавуваат лица блиски до кругот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ.

Елена Ивановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Една шестина од населението во ЕУ се самци – извештај на Евростат

Sasko Dimovski

Доверба му изгласаа 58 пратеници, за смена се изјаснија 19 – Тошковски ја „преживеа“ и третата интерпелација во собранието

Sasko Dimovski

Финансиската дупка во ПИОМ нова политичка препирка меѓу власта и опозицијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе