Вести Свет Топ вести

Топлотниот бран урива рекорди во Западна Европа – одржувањето на зеленилото клучно за урбаните средини

Топлотниот бран кој ја зафати Западна Европа руши рекорди за високи температури за овој период од годината. Големи делови од Велика Британија, Франција, Шпанија, Италија и Португалија се под црвено ниво на предупредување, додека, опасно високи температури во следните денови се очекуваат во Холандија, Белгија и Германија, каде термометрите се прогнозира дека ќе достигнат 40 степени.

  • „Се наоѓаме на зенитот на рамноденицата, сонцето е највисоко на небото и е најсилно во овој период од годината. Тоа за загрева почвата, што пак го загрева воздухот над неа и тој навистина длабок систем на висок притисок, систем каде воздухот се спушта и компресира, и се загрева исто така. Значи не се работи толку за жештина која доаѓа од Африка во Европа, туку за генерирање на таа топлина локално, во Европа, поради јасното небо, силните сончеви зраци и компресијата на тој воздух што се спушта во овој систем на висок притисок, и тоа предизвикува зголемување на температурата“ – Лиз Бентли – Кралска метеоролошка служба.

Оваа топлинска купола, како што метеоролозите го нарекуваат овој феномен, во следните денови ќе продолжи да се движи на исток, а властите во Полска, Унгарија и Хрватска веќе издадоа предупредувања.

  • „Кога ќе го слушнете терминот „топлинска купола“, тоа всушност не е термин кој метеоролозите често го користат меѓу себе, но кога ќе ја слушнете оваа фраза, тогаш луѓето вообичаено мислат на голема маса на топол воздух која е распространета не само на површината, туку и неколку километри, а може да се издигне и стотици километри хоризонтално. Во таа зона на топлинската купола, вообичаено нема многу облаци да го блокираат сонцето, значи чисто небо, што значи дека често пати воздухот се спушта, или пропаѓа што не само го затоплува, туку и го прави врнежите потешки“ – Роберт Хансон – метеоролог.

Олеснување од екстремно високите температури се очекува на почетокот на викендот, барем за Западна Европа, но тоа ќе биде проследено со грмотевици и обилни врнежи, што ја зголемува опасноста од поплави и шумски пожари.

Климатските промени ја зголемуваат температурата на целата планета, и тоа е особено очигледно на европскиот континент, кој се затоплува со брзина двојно поголема од просекот на останатиот свет, утврди во својот најнов извештај европската организација за следење на климатските промени.

  • „Градовите побрзо се затоплуваат поради изградената околина, што е особено вистина во посиромашните области каде што нема толку многу дрвја. Значи, одржувањето на зеленилото во градовите е многу важно. Тоа се како прибежишта достапни за луѓето“ – Роберт Хансон – метеоролог.

Тоа предизвикува се почести и подолготрајни топлотни бранови на Стариот континент, што предизвикува поинтензивни шумски пожари, кое пак го зголемува притисокот врз водните ресурси. Само минатата година, повеќе од еден милион хектари изгореа во Европа, а Шпанија беше особено погодена.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Една шестина од населението во ЕУ се самци – извештај на Евростат

Sasko Dimovski

Доверба му изгласаа 58 пратеници, за смена се изјаснија 19 – Тошковски ја „преживеа“ и третата интерпелација во собранието

Sasko Dimovski

Дали Јанушев крие фирма во Бугарија – СДСМ бара истрага од Антикорупциска, од Владата велат се работи за инсинуации

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе