Поранешниот градоначалник на Општина Центар, сега член на ИО на СДСМ на социјалната мрежа Фејсбук објави видео снимено пред зградата на Владата и постави едно прашање.
„Наградно прашање во кое што може да учествува секој без разлика на својата, полова, етничка, верска, политичка или „владина“ припадност. Наградното прашање гласи: Денеска во која земја во Европа, односно во светот, после Бугарија, има најмногу бугарски државјани во својата влада?“, прашува Жерновски во видеото кое го објави.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
