Премиерот Христијан Мицкоски денес реагираше дека Бугарија преку дипломатска нота открила дека неговата сопруга и едниот од двата сина три дена минале во Пампорово и дека со тоа им ја загрозиле безбедноста.
- „Вчера видовме еден преседан во дипломатијата кога излезе една дипломатска нота за тродневен престој на мојата сопруга со мојот помал син кај наши пријатели во Пампорово, нешто што е невообичаена пракса во светот на дипломатијата и можеби единствена. Замислете ние да ги изавадиме сите дипломатски ноти кои ги испраќаат од нашиот источен сосед – и во тие ноти исто така пишуваат работи кои би биле исто така интересни за јавноста“, рече Мицкоски.
Тој кажа дека за објавувањето на дипломатската нота ги информирал и партнерите на НАТО – затоа што се загрозува бебзбедноста на моето семејство додаде тој.
Дипломатската нота за која предупреди премиерт е допис со кој македонската амбасада во Софија го информира Министерството за надворешни работи на Бугарија дека сопругата и еден од синовите на премиерот ќе патуваат во Пампорово, Бугарија.
Известувањето е од 6 јануари годинава, а се однесува на патување два дена подоцна, односно на 8 јануари.
Како што може да се види во дипломатскиот документ, објавен од групата „Грубовци, Ениџе Вардар – родна Македонија“ на Фејсбук, во него покрај датумот на патувањето, наведено е приближното време кога сопругата и помалиот син на Мицкоски ќе ја преминат границата меѓу Македонија и Бугарија, како и детали за нивното обезбедување.

