Без финансиски средства не може да има независно судство, изјави претседателката на државата Гордана Силјановска Давкова додека во Собранието почна расправата за амандманите на Законите за судска и за јавно-обвинителска служба.
Минатата недела на јавна расправа во Собранието, вработените во службите на јавната расправа упатија низа критики за предложените законски решенија. Тие негодуваа околу тоа како се уредени пресметките за плата и побараа текстот или да се повлече од процедура или пак да се интервенира амандмански.
(ВИДЕО) Владеачкото мнозинство ги одбива амандманите за Закон за судска служба
Поддршка на вработените отворено даде државниот обвинител Ненад Савески. Тој во интервју на Топ Тема рече дека јавните обвинители ги поддржуваат вработените во јавнообвинителската служба, која е крвотокот во обвинителството.
Силјановска на новинарско прашање одговори дека без финансиски средства нема независни судство.
