Вести Македонија Топ вести

(ВИДЕО) Владеачкото мнозинство ги одбива амандманите за Закон за судска служба

Владеачкото мнозинство во собраниската комисија за политички систем досега ги отфрли сите амандмани поднесени од опозицијата за законот за судска служба. Вкупно се поднесени над 100 амандмани за Законите за судска и јавнообвинителска служба.

Опозицијата смета дека со брзите промени наместо независна судска служба, државата ќе добие административци врз кои контрла ќе има извршната власт.

Амандманите се поднесени од пратеничките групи на СДСМ, Европскиот фронт и Левица..

-Од нив, 55 амандмани се однесуваат на Законот за судска служба, 27 на Законот за јавнообвинителска служба, а дополнително 19 амандмани ќе бидат поднесени како комисиски амандмани, соопштија од СДСМ.

Министерот за правда Игор Филков пак сите предлози амандмани ги отфрли односно се изјасни дека не се прифаќаат. Дебатата во Собранието продолжува.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кој е Енди Барнам – фаворит за преземање на премиерската функција во Обединетото Кралство?

Дејан Дејан

Мицкоски: Постои опција и за промена на ресори меѓу владините партнери

Дејан Дејан

Денови на инклузивна култура и уметност во трговскиот центар „Рамстор“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе