Uncategorized Вести Македонија

Мицкоски со порака до трговците: Кризата заврши, намалете ги цените на прехранбените производи

На средба со дистрибутерите, трговците и сопствениците на маркетите, која ќе се одржи денеска во Владата, премиерот Христијан Мицкоски рече дека ќе им соопшти дека  „кризата заврши“ и дека од нив се очекува да ги поевтинат производите особено прехранбените производи.

„ Граѓаните беа толерантни, сега е на ред да се оддолжите и веднаш да ги намалите цените на производите, посебно на основните прехранбени производи“, рече Мицкоски, најавувајќи што ќе биде неговата главна порака до нив.

Тој напомена дека Владата има механизми да ги намали цените, ако тие одбијат да го сторат тоа.

„Оправдувања и изговори не прифаќам“. рече Мицкоски.

Тој не кажа колку очекува да се намалат цените но додаде дека ќе се направат споредби со цените во регионот. Ако треба во одредени маркети и јавно ќе ги посочиме производите кои треба да поветинат “ рече тој.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Денови на инклузивна култура и уметност во трговскиот центар „Рамстор“

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Претседателката Сиљановска за судските реформи: Без финансиски средства нема независно судство

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Владеачкото мнозинство ги одбива амандманите за Закон за судска служба

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе