Вести Свет

„Без мене Израел нема да постои“, Трамп се погласен во критиките против Нетанјаху

За прв пат откако повторно беше избран за претседател на Соединетите држави, а особено по нападите врз Израел на 27 откомври 2023 година, и војната која се прошири не само низ Блискиот Исток, туку го опфати и Персискиот залив, оваа недела Доналд Трамп отворено ја искажува својата фрустрираност од постапките на Израел за време на целиот тој период.

Првите пукнатини во непоколебливата врска меѓу Вашингтон и Тел Авив се појавија по објавувањето на примирјето со Техеран пред два месеци, откако Израел одби да ги прекине своите воени операции во Либан против Хезболах, што американската администрација смета дека одиграло голема улога во пролонгирањето на мировните преговори со Иран.

Без нас, без САД, Израел нема да постои. Без мене, Израел нема да постои, бидејќи ниту еден претседател не беше подготвен да го направи тоа што јас го направив. Имав одличен однос со Биби (Нетанјаху), но сега Биби треба да биде поодговорен во однос на Либан. Либан беше прекрасна држава, беше држава со професори, доктори, адвокати, имаше голема интелигенција во Либан. Но, сега е ужасна, рече трамп.

Тоа што Трамп дури сега започна да го прифаќа, на остатокот од светот му беше одамна јасно. Криејќи се зад намерно широката и нејасна цел за гарантирање на безбедноста и опстанокот на државата, израелската влада без никакво почитување на меѓународното право спроведе и спроведува воени операции во соседните држави и автономните палестински територии каде смета дека постојат закани за израелската безбедност.

Примирјето меѓу Либан и Израел мора да се одржи, бидејќи е можност да се заврши конфликтот, да ѝ се даде шанса на дипломатијата, и да се создадат услови за одржлива деескалација. Ќе продолжиме да ги поддржуваме либанските власти, особено во нивната решителност да го разоружаат Хезболах. Цивилното население во Израел и Либан заслужува мир и стабилност. Исто така, мораме целосно да го задржиме и нашето внимание во Газа и Западниот брег. Најновите планови на Израел за брза ескпанзија на населбите во Западниот брег не се во согласност со меѓународното право и дополнително ги поткопуваат изгледите на решението за две држави, порача шефицата на европската дипломатија каја калас.

Сега, Трамп не само што ги критикуваше Израел и Нетанјаху, туку порача дека Сирија, државата која деценија и половина беше заглавена во цивилна војна, многу подобро се справува со Хезболах.

Израел предолго се бори против Хезболах и премногу луѓе гинат. Не мора да срушите цела зграда секогаш кога барате некого, бидејќи многумина од тие што живеат во тие згради не се во Хезболах, тоа можам да ви го кажам, рече трамп.

Иако конфликтот против Хезболах во Либан Трамп го нарече „помалата војна“ споредувајќи ја со кожна иритација која повремено се појавува, сепак фактот што дел од своите јавни настапи изминативе денови ги посвети токму на овој конфликт, потврдува дека тој ја разбира неговата важност за состојбата во поширокиот регион.

Трамп лично можеби не му е грижа што ќе се случува во Либан, но макотрпните двомесечни преговори со Иранците го натераа да прифати дека за Техеран ова е важно прашање.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Атанас Костовски „живата енциклопедија“ на македонското спортско новинарство со носталгија за почетоците на ТВ Скопје – „зградата ја градевме и ја изградивме со наш голем придонес“

Дејан Дејан

Муцунски се сретна со Ивет Купер, државниот секретар за надворешни работи на Велика Британија

Tea Dimkovska

Владата го усвои предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување делови од човечко тело заради лекување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе