Вести Економија Најважни

Поскапуваат кредитите? НБРМ ја крена основната камата, на потег се банките

Народната банка ја зголеми основната каматна стапка од 4 на 4, 25 отсто.  Од ова зависи какви ќе бидат каматите на кредитите, но и на депозитите на деловните банки. Ваквото затегање на монетарната политика всушност треба да донесе поскапи кредити. Сепак, Гувернерот Славевски уверува дека  веднаш нема да се почувствуваат последиците. За колку би било зголемувањето од кога,  конкретно не можеше да одговори, со образложение дека сега секоја банка самостојно ќе одлучува.

Мерките на монетарната политика како што е оваа делуваат со временско задоцнување, така што прецизен одговор на тоа што на краток рок може да се случи во овој момент не можеме да дадеме, изјави гувернерот на Народната банка,  Трајко Славевски. 

По јавната дебата помеѓу гувернерот Славевски и министерката за финансии Кочоска дали и кој може да делува на банкарските провизии, откако дел од банките најавија дека ќе ги зголемат, Славевски тврди дека неговата комуникацијата со банкарите и со финансии не се нарушила.

Тврди дека неговата реакција за ваквите најави била поради тоа што смета дека сега не е време за зголемување на надоместоците,  затоа што приходите на банките биле стабилни. Најави дека се разговара за можно законско решение со кое дел од банкарските услуги би биле бесплатни, по примерот на Хрватска.

Од друга страна укажуваме и на можноста по примерите на некои земји како Хрватска која што еве веќе пред точно една година донесе закон со кој што го олесни дел од банкарските услуги., од областа на платниот промет, со закон се определени да бидат бесплатни. Како што се услугите за отворање,  водење на платежните сметки. Понатаму услугите за мобилно и интернет банкарство, додава Славевски

Потегот на НБРМ за зголемување на основната камата,  доаѓа по одлуката на Европската централна банка да ја зголеми референтната камата прв пат по 2023 година.

Оваа одлука на домашната централна банка може да се смета како инфлаторна мерка. Анализите покажале дека и покрај тоа што има благо олабавување на инфлацијата, сепак се уште постои опасност од ценовни притисоци.

Ирена Чачкова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владата го усвои предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување делови од човечко тело заради лекување

Дејан Дејан

Реформската агенда на тест, судската и јавнообвинителската служба незадоволни од предложените законски решенија

Дејан Дејан

„Без мене Израел нема да постои“, Трамп се погласен во критиките против Нетанјаху

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе