Вести Македонија

60 ученици препишувале на полагањето државна матура

Шеесетина ученици препишувале на полагањето државна матура. Ова е вкупниот број препишувачи од двете полагања досега. Министерката за образование Јаневска вели тие ќе имаат можност да полагаат и во август, ако не успеат да положат ќе изгубат една година пред да продолжат во образовниот процес.

„Учениците не успеале да препишат. Беа фатени. Тие мислеле дека ќе можат да препишат. За жал, тие губат време, ако сакаат да се запишат на факултет имаат шанса во август да полагаат, ако не дури следната година, ама тоа значи дека ќе изгубат година дена од образованието“, рече Весна Јаневска, министерка за образование и наука

Сепак според министерката Јаневска оваа година досегашното полагање било мирно и успешно завршено. А според неа подобро е што оваа година за првпат имаше повеќе поделби на полагање матура во зависност од тоа кој за што учел.

„Оваа година исправивме една неправда, а тоа е нерамноправност меѓу учениците кои без оглед на тоа колкав материјал учеле во текот на изминатите четири години полагаа еден тип на матура, а оваа година полагаа два типа на матура“, вели Весна Јаневска, министерка за образование и наука

Годинава за првпат се применува новиот концепт кој им овозможи на учениците да изберат меѓу државна, државна стручна и државна уметничка матура. Во зависност од изборот, полагаа странски јазик, математика или историја како прв екстерен испит. Вториот екстерен испит по мајчин јазик се оддржа пред неколку дена. Испите од екстерниот дел се завршени, на матурантите сега им остануваат уште интернети испити кои ќе ги полагаат во училиштата.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владата го усвои предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување делови од човечко тело заради лекување

Дејан Дејан

Реформската агенда на тест, судската и јавнообвинителската служба незадоволни од предложените законски решенија

Дејан Дејан

„Без мене Израел нема да постои“, Трамп се погласен во критиките против Нетанјаху

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе