Вести Македонија Топ вести

Со Градски воз ќе се стигнува од Маџари до Железничка за 5 минути

 Од Маџари до Транспортен центар ќе се патува дури 5 минути, за разлика до автобусот кој сега на оваа релација вози околу половина час.

Ова го покажало експерименталното возење со возот во кој утринава седнаа да се возат претставници оддвете железнички прептијатија МЖ транспорт и Инфраструктура.

„ Речиси деведесет проценти е завршена првата фаза од зелениково до скопје. Тука работиме на горниот строј односно замена на дрвените прагови со бетонски и со поединечна замена на дотраените дрвени со нови дрвени прагови во зависност од условите на теренот. За другите две фази имаме отворено постапка за проектант. Со градежни активности очекуваме да се започне есен оваа година“, рече Ивана Бикоска од Јавно претпријатие за железничка инфраструктура.

Градскиот воз, очекуваат да биде пуштен со стартот на учебната година, на први  септември. Од инфраструктура уверуваат дека градежните работи ќе бидат готови, само треба да се набават доволно возови. За првата рута веќе имале, но за останатите две траси се очекува да пристигнат периодов. Вкупно треба да бидат над 50 возови за сите траси.

„Од септември наутро ќе има два воза, а после по еден. Инаку би треблало да имаме по 18 возови на една траса, што значи тоа се околу 54 возови на сите три траси“, вели Горанчо Јовановски, директор за патнички сообраќај.

И еколошките здруженија излегоа со предлози за градскиот воз – како да биде поефикасен.

„Станиците не се средени, не се пристапни за инвалиди и се далеку од населени места. Можеби треба јсп да ги носи дотаму“, вели Дарко Арсовски Петровски, „Гоу Грин“

Во моментов возовите од главниот град возат до велес, гевгелија, кочани и кичево, барем од она што соти на возниот ред на МЖ Транспорт.

Инаку, проблемите со железница траат со години. Едно време се споменуваше и приватизација. Во моментов двете железнички претпријатија се на врвот на листата на должници Министерство  за финансии со доспеани, а не обврски од околу 80 милиони евра.

Тамара Марковска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Марта Кос во јули во Скопје- Дали новата дипломатска офанзива ќе донесе придвижување во односите Скопје – Брисел

Дејан Дејан

Социјалните мрежи „Инстаграм“, „Фејсбук“ и „Вотсап“ не фукционираат – до кога не се знае

Дејан Дејан

„Страв и надеж“ е најдобра претстава, Димитар Ѓорѓиевски доби награда за најдобра машка улога – доделени наградите на Војдан Чернодрински

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе