Вести Македонија

Во Собранието избор на член на Државната комисија за спречување на корупцијата

Пратениците денеска во Собранието треба да разгледаат повеќе предлог-одлуки за избор и именувања во институции и тела, меѓу кои избор на член на Државниот совет за превенција на детско престапништво и правда за деца, избор на член на Државната комисија за спречување на корупцијата, како и избор на членови во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Судскиот совет.

На дневен ред се и повеќе предлог-одлуки за изменување на составите на собраниските комисии и пратенички групи за соработка со парламенти на други држави, како и одлука за распишување јавен оглас за избор на членови на Советот за граѓански надзор.

Пратениците ќе расправаат и по повеќе законски решенија во прво читање, меѓу кои предлог-законите за парнична постапка, судска и јавнообвинителска служба, за соодветна и правична застапеност, за игрите на среќа, како и измените на законите за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, ДДВ и возила.

Во рамки на седницата се најавени и повеќе закони по скратена постапка, кои опфаќаат области како управување со конфискуван имот, електронски комуникации, судство, градење, енергетска ефикасност, угостителство, земјоделство и урбанистичко планирање.

Меѓу точките на дневниот ред се и предлог-кодексот за етичко однесување на пратениците, како и стратегијата за изменување и дополнување на Стратегијата за регионален развој 2021–2031.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжува судење за „Пулс“, обвинителството презентира докази за „Рубикон“

Kristina Kuzmanovski

Лишен од слобода турски државјанин поради криумчарење на околу 177m2 кожен материјал

Дејан Дејан

(фото)Под мотото „Очи широко затворени“ во Тетово започна Меѓународниот филмски фестивал WatchOut!

meteo

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе