Вести Македонија Топ вести

Собранието ја отфрли интерпелацијата за Трипуновски

Со 62 гласа „против“ и 21 „за“ пратениците не ја изгласаа интерпелацијата за работата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

Интерпелацијата беше поднесена од пратениците на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, кои обвинија за лоши резултати во земјоделството, намалени субвенции, неисполнети ветувања и незадоволство кај земјоделците.

Во своето обраќање, Трипуновски ги отфрли обвинувањата како неосновани и истакна дека Владата наследила презадолжен и запоставен сектор.

Тој нагласи дека во 2025 година извозот на земјоделски производи е зголемен за 85 милиони евра и дека се бележи раст на откупот, оценувајќи дека земјоделците имаат вистински партнер во институциите.

Од опозицијата побараа политичка одговорност и оставка од министерот, тврдејќи дека состојбата во земјоделството се влошува.

По повеќечасовна расправа со спротивставени ставови меѓу власта и опозицијата, мнозинството пратеници ја отфрлија интерпелацијата, а Трипуновски порача дека ќе продолжи со реформите и поддршката на земјоделците.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Ја сакам инфлацијата

Kristina Kuzmanovski

Вучиќ најави можна оставка и нови политички потези

Kristina Kuzmanovski

Во Тирана најмасовен протест досега против „Зврнец”

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе